Еден од најголемите кошаркари на сите времиња, Меџик Џонсон, по крстарењето низ Италија, овие денови уживаше со семејството и во Црна Гора и Далмација, а своите впечатоци од Дубровник ги сподели со своите речиси четири милиони следбеници на Инстаграм.

Легендарниот НБА великан објави серија фотографии направени за време на вечерата во познатиот ресторан „Наутика“, во Дубровник, со кратка порака: Синоќа имавме прекрасна вечера во ресторанот Наутика во Дубровник, Хрватска!

На фотографиите, тој позира со сопругата Куки Џонсон и синот ЕЈ Џонсон, кој повторно привлече најголемо внимание. Имено, ЕЈ со години е една од најзначајните личности на американската селебрити сцена благодарение на неговиот екстравагантен моден изглед. Тој редовно носи облека што традиционално не се поврзува со машката мода, се појавува на модни настани и отворено зборува за сопствениот идентитет, поради што често е предмет на дискусија во медиумите и социјалните мрежи.

Иако неговите модни комбинации често се предмет на дискусија, обожавателите на Џонсон најчесто пишуваат во коментарите дека семејството изгледа среќно и опуштено за време на нивниот одмор.

Покрај семејните фотографии, Меџик Џонсон објави и кратко видео кое особено ги трогна неговите следбеници. На него се гледа како застанува за да ја исполни желбата на едно момче, очигледно голем обожавател, за заедничко селфи. Познатиот кошаркар топло позираше со момчето, кое сигурно долго ќе ја памети средбата со една од најголемите спортски легенди.

 

 

 

 

 

The post 🎥 МЕЏИК ЏОНСОН НА КРСТАРЕЊЕ СО СЕМЕЈСТВОТО Синот на кошаркарската легенда привлече најголемо внимание appeared first on plusinfo.mk.