
Политичката партија Левица до Собранието ќе поднесе закон за заштита на критична инфраструктура во државата која е клучна за националната безбедност, со кој се предвидува водоводните системи, браните и останатите објекти од стратешко значење да ги обезбедува војската.
Пратеникот Амар Мециновиќ ги повика пратениците да го поддржат Законот, кој веќе бил подготвен уште во 2021 година од Министерството за одбрана, но не бил изгласан.
-Овој предлог закон ја препознава потребата од заштита на критична инфраструктура и воспосставува национален систем за негова заштита. Нашето решение е јасно – обезбедувањето на стратешките објекти и критична инфраструктура од национално значење треба да го врши Армијата, затоа што водоснабдителните системи, браните, енергетските системи и клучните комуникациски центри и другите стартешки објекти не се само дел од институциите, туку тие се клучни за националната безбедност, изјави Мециновиќ.
Тој додаде дека доколку овие системи не се заштитат на вистински начин последиците може да бидат неизмерни.
-Армијата е единствената институција која располага со организација, дисцилина и обучен кадар кој може да ги обезбедува овие објекти. Во време на СФРЈ, Армијата ги обезбедуваше овие ообјекти. Сега бидејќи сметаме дека има деградација во условите за живот сметаме дека не смее веќе да се реагира откако ќе се случи катастрофа, туку таа треба да биде највисок приоритет. Ќе предолжиме законско решение најважните објекти од критичната инфраструктурада бидат обезбедени од Армијата во координација со другите надлежни институции и корисниците на овие објекти. Безбедната вода и сигурната енергија и не се привилегија, туку основен систем за функционирање на државата и ги повикувам пратениците ова да го подржат, рече Мициновиќ
На прашањето од „Локално“ дали побарале миселење од Министерстото за одбрана со оглед дека се повикуваат на закон подготвен токму од министерството, рече дека немаат комуникација со министерството, ниту со министерот Мисајловски, бидејќи владејчакото мнозинство одбива соработка со опозицијата.
-Немаме комуникација со Министерството за одбрана, нормално комуницираме со мнозинството овде во парламентот. Да коалициравме со Мисајловски и Мицкоски, нормално ќе комунициравме, но тие луѓе не сакаат да соработуваат со опозицијата. Тоа се гледа цело време, и што треба со нив да комуницираме? Сметаме дека владејачкото мнозинство не презема доволно во овој дел и во уште во многу работи. Левица има поднесено меѓу дваесет и триесет закони и ниеден не е поддржан. Нема што со Мицкоски да разговараме. Ние го подготвивме овој закон и ќе биде пуштен во Собранието, изјави Мециновиќ.
На новинарско прашање дали смета дека полицијата е доволна да ги обезбедува овие објекти, Мециновиќ рече дека полицијата завршува многу задачи и дека сметаат дека Армијата како институција е најдисциплинирана, поради нивната организираност и нивната природа како вооружени сили во државата.
-Цивилната заштита на објектите може да ја ставиме под Армијата во закон. Да ги чува главните инфраструктурни објекти од техничко значење, изјави Мециновиќ на забелешка дека Армијата ја чува државата од надворешните непријатели, а внатре во рамки на државата безбедноста е на полицијата и дека тоа е спротивно на политичкиот поредок.
Е.Б.