
„Ме удираше многупати, а кога сакав да си заминам, извади пиштол“: Николина Пишек за насилството што го трпела од починатиот сопруг
Јавноста со години ја доживуваше како успешна, самоуверена жена која живее живот исполнет со гламур и јавни настапи. Но, зад приватната приказна на хрватската водителка Николина Пишек (53), како што самата открива, се криеле искуства за кои долго време не зборувала. Во потресно интервју таа проговори за физичкото и психичкото насилство што, според нејзиното сведоштво, го трпела во бракот со српскиот историчар на уметноста Видоје Ристовиќ.
