
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 66-годишен жител на Слупчане, кој како матичар во Управата за водење на матичните книги, во период од четири години, наводно внесувал невистинити податоци и изготвувал лажни изводи за склучени бракови на странски државјани.
Според пријавата, И.З. (66), во својство на службено лице – матичар во месната заедница во селото Слупчане, во текот на 2021, 2022, 2023 и 2024 година внесувал невистинити податоци во службената евиденција и изготвувал невистинити изводи.
Во документите прикажувал дека странски државјани наводно склучиле брак пред него, иако, според сомненијата наведени во кривичната пријава, таквите податоци биле невистинити.
Против него е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“.
The post МАТИЧАР ИЗДАВАЛ ЛАЖНИ ИЗВОДИ ЗА БРАКОВИ Четири години внесувал невистинити податоци за странци appeared first on plusinfo.mk.