Малопродажбата во Европската Унија во септември забележала пад по растот во претходниот месец, а најизразено намалување е регистрирано во Германија. Според најновите податоци на европската статистичка служба Евростат, обемот на продажбата во еврозоната се намалил за 0,7 проценти во однос на август, додека во целата ЕУ падот изнесувал 0,6 проценти.Најголем месечен пад имала Германија, каде што малопродажбата се намалила за два проценти. Намалување е забележано и во Романија за 1,3 проценти, Порту