Вчера во 04:06 часот, во Полициското одделение во струшкото село Велешта било пријавено нарушување на јавниот ред и мир за време на прослава во куќа во Вевчани, информираат од полицијата.

Според пријавата, на прославата дошло до вербална расправија и викање меѓу неколку малолетни лица, при што ситуацијата ескалирала.

Во еден момент, еден од малолетниците со стаклен предмет го нападнал својот соученик, при што му нанел повреди.

Од полицијата наведуваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против инволвираните ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Се преземаат дополнителни мерки за целосно утврдување на околностите околу инцидентот.

The post МАЛОЛЕТНИК УДРЕН СО СТАКЛЕНО ШИШЕ ОД СОУЧЕНИК Хаос на забава во Вевчани, интервенираше полицијата appeared first on plusinfo.mk.