
Малолетник на 16-годишна возраст од селото Лисец, управувајќи електричен тротинет на улицата Илинденска во Тетово, удрил во 32-годишната И.Ѓ. од село Непроштено.
По несреќата, И.Ѓ. е пренесена во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош, од каде поради сериозноста на здобиените повреди, е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје.
Настанот се случил во петокот изутрината. На местото на несреќата е извршен увид од екипа на СВР Тетово, по што треба да следува соодветен поднесок, информира МВР во билтенот.
The post МАЛОЛЕТНИК СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ ПРЕГАЗИ ЖЕНА ВО ТЕТОВО Поради сериозноста на повредите била префрлена на скопските клиники appeared first on plusinfo.mk.