Инцидент меѓу ученици бил пријавен во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, каде што малолетник бил физички нападнат од свој соученик.Според информациите од МВР, 42-годишна жена на 6 ноември во 17:45 часот пријавила дека ден претходно, во училишниот ходник, нејзиниот малолетен син бил нападнат со тврд предмет од друг ученик.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.