
Долго време, веќе, како настапувам јавно со години, како политички аналитичар, без разлика, далим темата е хиперсензитивно актуелизирана, или пак е повторно фрлена во заборав, постојано се заложувам за промена на постојниот изборен модел, на политичкиот систем кај нас, бидејќи сметам дека истиот е погубен по македонската демократија. Бидејќи, практичните примери, досега, многу пати ни го докажале тоа емпириски, односно гледаме само дека доминантните политички елити и од десницата (ВМРО-ДПМНЕ) и левицата (СДСМ), но и од етничко албанскиот политички блок, постојано само „глумат и фингираат“, дека се за промена на моделот, а прават се истиот да остане, бидејќи најмногу, ним им одговара. Истиот тој модел, создаде и продолжува да создава, т.н „султан “партии, со моќни лидери, кои ја концентрираат сета моќ во нивни раце, без никаква дебата, ниту демократија во самите партии. Бидејќи, шесте изборни единици, со затворени партиски листи, создаде ние да имаме ПАРТИСКИ ПОДАНИЦИ И ПОСЛУШНИЦИ, НАМЕСТО ПРАВИ НАРОДНИ ИЗБРАНИЦИ (ПРАТЕНИЦИ), кои ќе го застапуваат гласот на граѓаните од кои го добиле својот легитимитет. Јас нормално, постојано се заложувам Македонија да биде една изборна единица, со отворени листи.
Одвратно лицемерие без преседан!
Потврда за ова што го велам, веќе години наназад, ми даде изјавата на еден „лидер“ на една одвратна политичка партија, која настана како отцепена бранковистичка клоака на СДСМ, за заштита исклучиво на лукративните, лични и материјални интереси, на една мала група на политички хиени, кои беа екскомуницирани поранешни социјалдемократи од заевистичкото СДСМ и денес е најголема ИЗМЕЌАРКА во коалициската влада со десничарската ВМРО-ДПМНЕ. Па така, лидерот на оваа партија не ЗНАМ како се викаше, чинам градоначалник на најголемата македонска општина, злобниците би рекле еден од НАЈПРОСТИТЕ И НАЈКОРУМПИРАНИ македонски политичари, попрост во исказот и вербално-фацијалните експресии, и од самиот Брат Љубе, изјави дека: функционерите на партијата, кои станале независни во функционирањето во институциите кои ги претставуваат, требало да ги вратат мандатите, назад?! Молам?! Оваа изјава, дадена од човек кој, е жив пример , како не го врати мандатот на партијата од која излезе и ја напушти за да се кандидира самостојно (од својата екс матична партија СДСМ на локалните избори во 2021-вата година), бара сега партиски функционери од неговата партија, да го врателе мандатот „назад на партијата“! Па има ли полицемерно, подолно и помизерно поведение од човек кој сака да се претставува во македонската политика, како еден од најголемите патриоти!? Но не ме изненадува, колку е ПРИРОДНО ПРОСТ, И ГЛУП, да не сфаќа дека со таа изјава дадена за пратеникот Миле Цеков, сам себе се побива, односно бара да го направат тоа, неговите екс сопартијци, тоа што тој не го направи сам, во 2021-ва та, година: да го врати мандатот на СДСМ, како нивни кандидиран кадар на изборите во 2017-тата година, кога победи за прв пат на едни локални избори,номиниран, токму од социјалдемократите. Но кога вашиот мозок е со степен на интелигенција колку една потполошка, и е фокусиран само на танге-франге купопродажни операции со државно земјиште, од или на кум, па на „ЛИДЛ“, тогаш и немате време, или мозочна виуга да процесуирате што сте истрескале јавно во етер: односно дека тоа што го барате од Цеков, вие тоа не сте го направиле своевремено. Со свој камен по своја глава: а главата освен што е голема и гломазна, е проста и празна како тиква. Затоа не очекувајте повеќе од неа!
Редок пример на политичар со интегритет!
Инаку, кога станува збор за пратеникот М.Цеков, од Струмица, тој јавно, јасно и гласно, кажа и ја образложи својата одлука за делување како независен пратеник и дистанцирање и оддалечување од неговата екс матична партија: целосно застранување и напуштање на прокламираните вредности, принципи и ветени политики од партијата пред граѓаните и електоратот од кој сте го добиле легитимитетот. И е многу почесно така, одошто да продолжите да бидете нем партиски полтрон , кој ќе му се подмазува на лидерот „вожд“, за да го стави на добитна позиција за уште еден мандат. Бидејќи изборниот законик, со затворени партиски листи му го дозволува тоа. Но оваа партија е толку омразена и депласирана кај македонското гласачко тело, и во фаза на целосна маргинализација и одумирање, тоест претворање во класичен смешен, мал приврзок на поголемиот коалициски брат ВМРО-ДПМНЕ, што и да сака „лидерот“, да става на добитни позиции свои лојални партиски песови, ќе не може бидејќи добитни партиски места и ќе нема: оваа партија на локалните избори го фати патот кон неповратот освојуваќи за 40% помалку гласови од парламентарните, што е најголем негативен природен прираст на гласови на сите политички партии и од етничко-македонскиот и од етничко албанскиот политички блок. И таа тенденција, апсолутно ќе продолжи, до момент, додека не стане тотално нерелевантен политички фактор на македонската политичка сцена, како партии од типот на НСДП или Демократски Сојуз, политичката партија на П.Трајанов. Само прашање на време е кога тоа ќе се случи. Најверојатно, после идните парламентарни избори: било да се редовни, или предвремени, сеедно!
Благојче Атанасоски
Ставовите искажани во рубриката „Колумни“ се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на „Локално“. Одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.