Македонија добива своја претставничка на една од најпознатите светски сцени за убавина, а нејзиниот изглед веќе привлекува внимание на социјалните мрежи. Катиа Донева, русокосата манекенка со впечатливи сини очи, која многумина ја споредуваат со куклата Барби, ќе го понесе македонското знаме на јубилејното 75. издание на изборот за Мис Универзум 2026.