Македонска берза  денеска ја стави  АЛТА банка АД Битола на „Листата за набљудување“, со цел , како што наведе во соопштението, да се информираат инвеститорите за одлуката на Народна Банка за воведување администрација во банката.

„Одборот на директори донесе заклучок за внесување на издавачот АЛТА банка АД Битола на Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.

Внесување на друштвото АЛТА банка АД Битола на Листата за набљудување е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што за друштвото НБРСМ има донесено решение со коешто се воведува администрација во АЛТА банка АД Битола“, се наведува во соопштението од Македонска берза.

The post МАКЕДОНСКА БЕРЗА ЈА СТАВИ АЛТА БАНКА-БИТОЛА НА „ЛИСТАТА ЗА НАБЉУДУВАЊЕ“ Со тоа ги информира инвеститорите дека Народна банка воведе администрација во банката appeared first on plusinfo.mk.