
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски во Солинген, СР Германија, заедно со членовите на Извршниот комитет Александар Николоски, Тимчо Муцунски и Стефан Андоновски, присуствуваа на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски во поздравното обраќање пред делегатите на Конференцијата нагласил дека македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината, при што ги запозна со состојбите во Македонија, економските параметри кои покажуваат раст, со инфраструктурните проекти, како и за зафатите кон справување со условите предизвикани од светските предизвици во енергетиката.
Во однос на меѓународната позиција, Мицкоскил истакнал дека Македонија стана држава за почит, држава којашто својот став го брани со аргументи и со јасни пораки и стратегија. Исто така додал дека положбата во којашто се наоѓа државата е таква заради грешките од минатото, тешки како планини.
Тој додал и дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо најголема поддршка кај народот, со предност поголема од сите други политички актери заедно.
На конференцијата од страна на присутните се отвориле повеќе прашања во насока на подобра и засилена комуникација на македонската дијаспора со татковината, како и за можностите за инвестирање и за враќање во Македонија.