Движењето ЗНАМ преку соопштение оцени дека посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претставува потврда дека државата успешно ја спроведува реформската агенда и остварува видлив напредок на патот кон Европската Унија.Преку соопштение, од партијата посочуваат дека признанието од европските институции е доказ дека Македонија се движи во вистинска насока и дека реформските напори даваат конкретни резултати.Од ЗНАМ нагласуваат дека земјата денес е меѓу најуспешните во регионот во спроведувањето на реформите, а како особено значајни ги издвојуваат резултатите во Министерството за правда и Министерството за јавна администрација, со кои раководат кадри на партијата.„Реформите не се само декларативна заложба, туку конкретна акција што носи мерливи резултати. Со професионален пристап и одговорност се реализираат политики што ја зајакнуваат правната држава и ја модернизираат администрацијата“, наведуваат од ЗНАМ.Истовремено, партијата потенцира дека покрај реформите, не смеат да бидат доведени во прашање македонскиот идентитет, достоинство и националните интереси.„Заштитата на националното достоинство останува наша црвена линија“, велат од ЗНАМ, додавајќи дека европската интеграција треба да биде процес заснован на вредности, критериуми и заслуги, а не на билатерални условувања.Од движењето повторуваат дека членството во Европската Унија треба да биде резултат на успешно спроведени реформи и исполнети критериуми, а не на нови политички барања кои, според нив, ги надминуваат европските стандарди.„Македонија останува посветена на европскиот пат, но нема да прифати политика на уцени, диктати и постојано поместување на целта“, се наведува во соопштението.Од ЗНАМ порачуваат дека ќе продолжат да се залагаат за европска иднина на државата, истовремено штитејќи ги националните интереси и поддржувајќи реформи што носат конкретни резултати за граѓаните.„Македонија спроведува реформи и испорачува резултати, но заштитата на националното достоинство е нашата црвена линија“, велат од ЗНАМ
Движењето ЗНАМ преку соопштение оцени дека посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претставува потврда дека државата успешно ја спроведува реформската агенда и остварува видлив напредок на патот кон Европската Унија.Преку соопштение, од партијата посочуваат дека признанието од европските институции е доказ дека Македонија се движи во вистинска насока и дека реформските напори даваат конкретни резултати.Од ЗНАМ нагласуваат дека земјата денес е меѓу најуспешните во регионот в...
Движењето ЗНАМ преку соопштение оцени дека посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претставува потврда дека државата успешно ја спроведува реформската агенда и остварува видлив напредок на патот кон Европската Унија.Преку соопштение, од партијата посочуваат дека признанието од европските институции е доказ дека Македонија се движи во вистинска насока и дека реформските напори даваат конкретни резултати.Од ЗНАМ нагласуваат дека земјата денес е меѓу најуспешните во регионот во спроведувањето на реформите, а како особено значајни ги издвојуваат резултатите во Министерството за правда и Министерството за јавна администрација, со кои раководат кадри на партијата.„Реформите не се само декларативна заложба, туку конкретна акција што носи мерливи резултати. Со професионален пристап и одговорност се реализираат политики што ја зајакнуваат правната држава и ја модернизираат администрацијата“, наведуваат од ЗНАМ.Истовремено, партијата потенцира дека покрај реформите, не смеат да бидат доведени во прашање македонскиот идентитет, достоинство и националните интереси.„Заштитата на националното достоинство останува наша црвена линија“, велат од ЗНАМ, додавајќи дека европската интеграција треба да биде процес заснован на вредности, критериуми и заслуги, а не на билатерални условувања.Од движењето повторуваат дека членството во Европската Унија треба да биде резултат на успешно спроведени реформи и исполнети критериуми, а не на нови политички барања кои, според нив, ги надминуваат европските стандарди.„Македонија останува посветена на европскиот пат, но нема да прифати политика на уцени, диктати и постојано поместување на целта“, се наведува во соопштението.Од ЗНАМ порачуваат дека ќе продолжат да се залагаат за европска иднина на државата, истовремено штитејќи ги националните интереси и поддржувајќи реформи што носат конкретни резултати за граѓаните.