
По неколкудневните временски промени, денеска низ Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, покажува прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде најизразен во источните делови на земјата и долж Повардарието.
Утринските температури ќе се движат од 6 степени во Берово до 16 степени во Гевгелија, додека дневните максимални ќе бидат од 22 степени во Маврово до 28 степени во Гевгелија.
Во Скопје ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 11 до 28 степени.
Во недела времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец.
Минималните температури ќе се движат од 6 до 18 степени, а дневните ќе достигнат од 27 до 35 степени.
Според прогнозата на УХМР, во понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.
Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималните температури ќе се движат од 10 до 19 степени, а максималните ќе бидат меѓу 29 и 36 степени.
The post МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА СЕВЕРОЗАПАДЕН ВЕТЕР Температурите остануваат пријатни appeared first on plusinfo.mk.