Македонија е лидер по раст на авиосообраќајот меѓу земјите надвор од Европската Унија, покажува најновиот извештај на Советот на меѓународни аеродроми (ACI Europe).Според податоците, во април е регистриран раст на патничкиот авиосообраќај од 30,6 проценти во споредба со истиот период лани, што ја позиционира земјата пред Албанија со 25,3 проценти и Молдавија со 24,6 проценти раст.Овој резултат ја потврдува позицијата на Македонија како еден од најбрзо растечките пазари во авијацијата и е показател за силното закрепнување на секторот по пандемијата.На европско ниво, патничкиот сообраќај на аеродромите во април пораснал за 8,5 проценти во однос на истиот месец минатата година, при што сообраќајот е речиси целосно вратен на нивото од 2019 година.Извештајот покажува дека земјите надвор од ЕУ бележат просечен раст од 13,4 проценти, додека меѓу водечките пазари се и Турција, Казахстан и Узбекистан.Меѓу најпрометните европски аеродроми останува лондонскиот Хитроу, додека аеродромот во Истанбул продолжува да бележи значителен раст и да ја зацврстува својата позиција како еден од главните воздушни центри во Европа.