
Се поизвесно е дека и Македонија од 5 август, па во деновите потоа, ќе биде на удар на најтоплиот бран од југ, односно од Африка ова лето. Токму од овој датум топлината значително ќе се интензивира кај нас во Македонија, а времето останува стабилно и сончево и без никакви врнежи и без опасност од нови временски непогоди, објави македонскиот метеопрогнозер Славчо Поповски.
„Очекуваните температури во Македонија за време на овој најтопол бран ова лето на многу места ќе надминуваат 35 степени, односно во поголем дел од Македонија температурите ќе наминуваат 35 степени, а во делови од Скопската котлина, централните предели од Македонија, Повардарието и во југоисточните предели од Македонија температурите ќе надминат 40 степени.
Тука се и тропските ноќи, кога во повеќето градови во Македонија темпераурите ниту во текот на ноќните и утринските часови нема да се спуштаат под 20 степени. Овој најтопол бран ова лето во Македонија најверојатно ќе трае околу 6/7 дена, односно некаде до 10/11 август, кога очекувам намалување на интензитетот на топлината“, пишува Поповски на порталот Метоаларм.
The post МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ НАЈДЕ НА УДАР НА НАЈТОПЛИОТ БРАН ЛЕТОВО Од 5 август температурите ќе надминуваат 40 степени appeared first on plusinfo.mk.