Египетскиот мршојадец денес е една од најзагрозените птици грабливки во Европа. Во Македонија се евидентирани околу 10 гнездечки парови, а во следните пет години Македонското еколошко друштво (МЕД) ќе учествува во меѓународен проект за подобрување на условите за нивно опстојување.Проектот „Безбедно враќање на египетскиот мршојадец“ (LIFE EV Safe Return), кофинансиран преку програмата „Лајф“ на Европската Унија, ќе ги опфати местата за размножување, преселните патишта и областите на презимување н