Белата ракавица на едната рака стана еден од најпознатите детали во кариерата на кралот на поп-музиката – Мајкл Џексон. Заедно со црниор шешир, кратките панталони, белите чорапи и „месечевото одење“, тој сценски детаљ со текот на времето прерасна во симбол по кој сè уште го препознаваат милиони луѓе ширум светот.

Сепак, прашањето зошто кралот на поп-музиката носел само една ракавица го предизвикува вниманието на јавноста со години. Едни верувале дека станува збор за маркетиншки трик, други дека сакал да создаде сценски знак што никој нема да може да го копира, додека трети тврделе дека зад сè стои многу полична причина.

Според достапните сведоштва, вистината најверојатно била спој на здравствен проблем, сценски ефект и потребата на Џексон секој детаљ од настапот да биде запаметен.

Раквицата имала практична намена

Покојната актерка Сиси Тајсон, која го познавала Мајкл Џексон и соработувала со истиот костимограф, рекла дека ракавицата првично била создадена за да ги покрие првите промени на неговата рака предизвикани од витилиго.

Витилиго е хронична кожно заболување кај кое доаѓа до губење на пигмент и појава на светли дамки на различни делови од телото. Џексон во 1993 година јавно зборувал за тоа, нагласувајќи дека промените во бојата на неговата кожа не се резултат на избелување, туку на болестта со која долго време се соочувал.

Во овој контекст, ракавицата не била само моден детаљ. Според тврдењата на луѓето околу него, таа на почетокот имала и функција да ги прикрие промените на кожата.

Сепак, ракавицата наскоро добила многу поголема улога. Мајкл Џексон беше познат по тоа што големо внимание посветуваше на секој елемент од настапот, од кореографијата до костимите. Белата, светкава ракавица под рефлекторите посебно доаѓа до израз.

Неговите соработниици рекле дека ракавицата ја рефлектирала светлината и ги нагласувала движењата на раката. Тоа било важно бидејќи кореографиите на Џексон се состоеле од прецизни, брзи и остри движења, особено во текот на изведбите на песни како „Billie Jean“.

На големата сцена, пред илјадници луѓе, тој детаљ ѝ помагал на публиката полесно да го следи секое движење. Едната ракавица не само што привлекувала внимание, туку правела движењето да изгледа поимпресивно.

Зошто токму една, а не две

Интересно е што Мајкл Џексон своевремено и самиот објаснил дека една ракавица му изгледа поинтересна од еден пар ракавици. Тој сметал дека две ракавици се вообичаени, додека едната создавала поинаков визуелен впечаток.

Токму оваа асиметрија станала дел од неговиот идентитет. Џексон многу добро сфатил колку е важно за сценскиот настап да има детаљ што публиката веднаш ќе го запомни.