
Шеесет и петгодишна скопјанка била лишена од слобода откако во пакетот што му го донела на синот, кој издржува затворска казна во „Идризово“, била пронајдена марихуана.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил откриен на вчера, околу 10 часот, при преглед на пакетот наменет за затвореникот.
Полициските службеници ја пронашле и одзеле марихуаната, по што ја лишиле од слобода Џ.Ф. (65) од Скопје.
Таа била приведена околу 11.30 часот во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“.
По целосно документирање на случајот, од МВР најавуваат дека ќе следува соодветен поднесок.
The post МАЈКА СЕ ОБИДЕЛА ДА МУ ВНЕСЕ МАРИХУАНА НА СИНОТ ВО „ИДРИЗОВО“ Полицијата приведе 65-годишна скопјанка appeared first on plusinfo.mk.