Љубовта не познава години – барем така со години покажуваат модната креаторка Верица Ракочевиќ (78) и нејзиниот сопруг, музичарот Вељко Кузманчевиќ (43). Нивната разлика од 35 години одамна е тема на интерес во регионалните медиуми, но парот не дозволува туѓите коментари да влијаат врз нивниот однос. Напротив, со заедничките фотографии и објави постојано покажуваат дека уживаат во животот што го изградиле заедно.