Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски рече дека не сакал од почетокот на мандатот да говори за финансиската ситуација во општината, за да не биде погрешно сфатен, но, според него перцепцијата можеби е лажна кај дел од јавноста.

-Катастрофална е состојбата од финансиски аспект. Наследивме огромни долгови…Плаќаме околу 9 милиони месечно за рати по основ на изгубени судски спорови, потоа кредити од Светска банка, имаме долг од 130 милиони кон државни институции кои ги одложуваме и се последица на судски процеси. Од тој аспект, имаме глобална администрација. Не сакам да зборувам колку изнесува платата и режиски трошоци – еден огромен административен колектив со огромни трошоци. Не ни е воопшто розева финансиската состојба, кажа Лукровски во вестите на Тв Сител.

Градоначалникот информира дека преку два јавни повици, Карпош добил 11,5 милиони евра, но не ја искористиле целата сума.