Најмалку 21 лице загина во голем пожар што избувна во хотел во Њу Делхи, соопшти индиската полиција. Во трагедијата се повредени десетици лица, додека повеќе од 40 биле спасени и префрлени во болници.

Според сведоштва на очевидци, дел од гостите во очај скокале од прозорците на запалениот објект за да ги спасат своите животи. Локални жители и минувачи се обиделе да помогнат, поставувајќи душеци за да ги ублажат падовите.

 

– Луѓето ги распоредија душеците, а една жена од третиот кат скокна со мало дете врз нив – изјавил очевидец за локалните медиуми.

Пожарот, според првичните информации, избувнал на приземјето и првиот кат од четирикатната зграда. Се претпоставува дека изворот на огнот бил ресторан сместен во објектот.

– Се известува дека на приземјето имало ресторан… Најверојатно пожарот е поврзан со него – изјави локалниот службеник Џитендра Кумар.

 

Огнот избувнал околу 9 часот наутро по локално време и бил ставен под контрола неколку часа подоцна, околу пладне.

Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство до семејствата на жртвите, наведувајќи дека властите обезбедуваат целосна помош за погодените.

The post 📽️ ЛУЃЕ СКОКАЛЕ ОД ЗАПАЛЕНИОТ ХОТЕЛ ЗА ДА СЕ СПАСАТ Повеќе од 20 загинати во пожар во Њу Делхи appeared first on plusinfo.mk.