Од ВМРО-ДПМНЕ побараа институциите целосно да го расчистат случајот со труењето на повеќе од 1.200 жители на Гостивар и секој што е одговорен да сноси законски последици. Од партијата тврдат дека одговорноста е кај локалната власт во Општина Гостивар, предводена од СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари, наведувајќи дека постои сомнеж оти биле поставени пумпи во отпадни води за зголемување на притисокот во водоводната мрежа.
Министерот за здравство Сашо Клековски најави дека првичните резултати од анализите на водата ќе бидат познати утре и оцени дека засега нема услови за прогласување епидемија. На ова реагираше епидемиологот Никола Пановски, кој смета дека во Гостивар веќе има епидемија на гастроентеритис и побара таа веднаш да биде прогласена.
Од Основното јавно обвинителство Гостивар информираа дека во координација со Институтот за јавно здравје се вршат анализи на примероци од водата по наредба на јавен обвинител. Резултатите од испитувањата се очекуваат утре и ќе бидат доставени до обвинителството. Во меѓувреме, локацијата во Вруток и натаму е обезбедена по наредба на јавен обвинител. Надлежните институции продолжуваат со истрагата за утврдување на причините за масовното труење.
The post Локалната власт во Гостивар, предводена од СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари е виновна за труењето, обвини ВМРО-ДМПНЕ appeared first on Скопско ЕХО.