Пожарот што избувна на депонијата кај селото Добрашинци е локализиран, а екипите продолжуваат со активности за негово целосно гаснење и обезбедување на локацијата, информираат од ТППЕ Струмица.
Струмичките пожарникари се на терен уште од раните утрински часови. Во интервенцијата учествуваат шест пожарникари-спасители со две противпожарни возила.
Во гаснењето е вклучено и ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, чија механизација ја затрупува депонијата за да се спречи повторно разгорување на жариштата.
Поради специфичноста на пожарите на депонии, екипите ќе останат на локацијата сè до негово целосно ликвидирање. Од ТППЕ Струмица апелираат граѓаните да останат смирени, да не шират непроверени информации и да ги следат официјалните известувања.
The post Локализиран пожарот на депонијата кај Добрашинци – пожарникарите остануваат на терен appeared first on Radio StrumicaNet.