Литванскиот претседател Гитанас Науседа предупреди дека Русија сè почесто ја проверува подготвеноста на НАТО за заеднички одговор на безбедносните закани. Иако смета дека Москва во моментов нема капацитет за голем конвенционален напад врз територијата на Алијансата, очекува продолжување на провокациите, вклучително и саботажи, кибернапади и упади со беспилотни летала.Во интервју за германскиот весник „Велт“, Науседа изјави дека руските воени ресурси во голема мера се насочени кон боиштето во Укр