
„Разговорите се во тек“, им изјави Каунас на новинарите. Преговорите се одвиваат во моменти кога Вашингтон размислува за намалување на военото присуство во Европа, што предизвикува загриженост дека сојузниците во НАТО би можеле да останат изложени на сериозни безбедносни ризици, пишува „Политико“.
„Литванија секако не стои настрана“, додаде Каунас.
Уставот на оваа балтичка држава го забранува присуството на оружје за масовно уништување на нејзината територија, но претседателот Гитанас Науседа наговести можност за измена на највисокиот правен акт, повикувајќи се на актуелните безбедносни закани.
„Фајненшел тајмс“ оваа недела објави дека американски официјални лица разговараат за распоредување нуклеарни боеви глави и бомбардери во земјите на источното крило на НАТО.
Американското нуклеарно оружје во моментов е складирано во воени објекти во Германија, Белгија, Италија, Турција, Холандија и Велика Британија.
Преговорите се одвиваат истовремено со планираното заминување на околу 1.000 американски војници од Литванија. Каунас рече дека Вашингтон сè уште размислува за нова ротација на американскиот воен персонал во оваа балтичка земја, додавајќи дека поширокото намалување на бројот на американски војници во Европа довело до преиспитување на воениот распоред во регионот.