
Полициски службеници од СВР Штип лишиле од слобода 25-годишен маж од Штип, кој бил затекнат како потпалува сува трева во атарот на село Долни Балван, штипско.
Според информациите, инцидентот се случил на 11 јуни 2026 година околу 12:00 часот, покрај магистралниот пат Штип–Кочани, каде осомничениот палел сува трева меѓу пат и нива во сопственост на 36-годишен жител на Штип. При пожарот била опожарена сува вегетација, како и една бала детелина.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по негово целосно расчистување против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР