Случајот со АЛТА банка Битола отвори сериозни прашања за ефикасноста на финансискиот надзор, навременото препознавање на ризиците и заштитата на граѓанските депозити. Додека штедачите се соочуваат со драстично ограничен пристап до сопствените средства, на површина излегува уште еден загрижувачки податок од последниот ребаланс на Буџетот. Имено, Владата на ДПМНЕ ги намалува средствата за Управата за финансиско разузнавање од 55,4 на 53,7 милиони денари, односно за 1,7 милиони денари, велат од пол