Левица преку соопштение обвини дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го назначил поранешниот директор на Македонската радио-телевизија, Марјан Цветковски, за директор на Фондацијата што треба да го реализира проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, иако, како што наведуваат, Фондацијата сè уште не е законски формирана.Од партијата посочуваат дека во Собранието дури сега започнува постапката за Предлог-законот со кој треба да се основа Фондацијата, а според предложен