Левица обвини дека Владата за осум месеци двапати ја зголемила цената на парното греење, со вкупно поскапување од околу 12,2 проценти. Од партијата потсетуваат дека премиерот Христијан Мицкоски во 2022 година поскапувањето на парното го нарекувал грабеж врз граѓаните.
Според Левица, Регулаторната комисија за енергетика наместо да ги заштити потрошувачите, новото зголемување го претставува како минимална корекција.
Од партијата бараат Владата и Регулаторната комисија да ја објават целосната пресметка на новата цена и да воведат поправеден
систем за наплата според реалната потрошувачка.
Левица повикува и на мерки за заштита на домаќинствата со ниски приходи.
The post Левица обвинува: Парното поскапело за над 12 отсто за само осум месеци appeared first on Скопско ЕХО.