Политичката партија Левица упати остри критики до министерот за здравство Сашо Клековски, обвинувајќи го дека, наместо да преземе одговорност за, како што велат, институционалните пропусти поврзани со состојбата во Гостивар, ги напаѓа лекарите и медицинската јавност.Од Левица оценуваат дека, во време кога, според нив, Гостивар се соочува со сериозна здравствена состојба, министерот не понудил извинување ниту објаснување како институциите не го забележале проблемот навреме, туку, како што наведув