Опозициската Левица ќе гласа против предложениот ребаланс, бидејќи, според партијата, амандманската расправа покажала дека Владата не само што нема намера да ја промени својата економска политика, туку, тврдат, одбива речиси секој предлог што значеше поголема јавна корист, подобра заштита на граѓаните и поодговорно трошење на буџетските средства, се наведува во партиското соопштение.

Левица поднесе 47 амандмани со кои предложи дел од непродуктивните расходи да се пренасочат кон проекти од стратешко значење за државата и кон директна поддршка на граѓаните. Наместо да го искористи ребалансот за корекција на приоритетите, парламентарното мнозинство ги одби речиси сите предложени решенија, реагира Левица.

На денешната пленарна седница, Левица ќе го повтори ставот што го застапуваше во текот на целата амандманска расправа – дека овој ребаланс не претставува развојна и социјално одговорна буџетска политика и затоа не заслужува поддршка, соопшти партијата.

The post Левица го отфрла ребалансот на Буџетот: Не носи развојни политики appeared first on Скопско ЕХО.