
Принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт на Инстаграм споделија серија фотографии и видеа од изминатите неколку месеци, откривајќи дел од семејниот живот, но и од своите јавни ангажмани.
Објавата започнува со топла семејна фотографија на која Вилијам и Кејт лежат на тревата заедно со нивните три деца – принцот Џорџ (13), принцезата Шарлот (11) и принцот Луис (8).
– The Summer Rewind – стои во описот на објавата, проследено со благодарност до сите што им ги направиле изминатите месеци посебни.
View this post on Instagram
Меѓу објавените видеа е и средбата на принцот Вилијам со познатиот природонаучник и документарист Дејвид Атенборо, кој годинава го прослави својот 100-ти роденден со свечен настан во лондонскиот Ројал Алберт Хол.
Во објавата е прикажана и неодамнешната самостојна посета на Кејт Мидлтон на Италија. Насмеана и расположена, принцезата учествува во подготовка на традиционална италијанска паста во Парма.
Ова беше нејзино прво официјално патување во странство откако минатата година соопшти дека е во ремисија по лекувањето од рак.
Посетата беше поврзана со работата на нејзиниот Центар за рано детско развивање при Кралската фондација, чија цел е подигнување на свеста за важноста на раното детство.
Друг емотивен момент прикажува посета на Кејт на онколошки пациенти во болницата „Кристи“ во Манчестер. Таму таа разговарала со пациенти и ја истакнала важноста на холистичкиот пристап кон физичкото и емоционалното здравје.
Особено трогателна била средбата со Клер Лоренте, која токму тој ден го завршувала лекувањето од рак на дојка.
Во објавата има и фотографија од насмеаната принцеза по завршувањето на напорниот хуманитарен предизвик долг 23 милји, организиран за собирање средства за борба против ракот. Предизвикот вклучуваше искачување на највисоките врвови во Шкотска, Англија и Велс.
Не беше изоставена ниту хуманитарната работа на принцот Вилијам. Една од фотографиите го прикажува во друштво на актерот Бенедикт Камбербач и актерката Ема Ватсон за време на форумот „United for Wildlife Business Forum“ во Лондон, одржан во рамки на Неделата за климатска акција.
На друга фотографија е со австралискиот природонаучник Роберт Ирвин. Двајцата се возат со електричен двокатен автобус со нулта емисија на штетни гасови на пат кон собир организиран од иницијативата Earthshot Prize.
Сепак, најголемо внимание привлекоа семејните фотографии и роденденските моменти со нивните деца, кои ретко се појавуваат во јавноста, а овојпат им овозможија на обожавателите редок поглед во приватниот живот на кралското семејство.
The post ЛЕТО ИСПОЛНЕТО СО СЕМЕЈНИ МОМЕНТИ Вилијам и Кејт објавија досега невидени фотографии со децата appeared first on plusinfo.mk.