Сончевото и топло време ќе продолжи и во текот на денешниот и утрешниот ден, додека од вторник се очекува постепена промена на временските услови.

Според прогнозата на синоптичарите, во вторник локално, а во среда во поголем дел од земјата ќе има врнежи од дожд проследени со засилен ветер и појава на грмежи.

За денеска се најавуваат утрински температури од 7 до 17 степени, додека дневните ќе се движат од 25 до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе изнесува околу 13 степени, а максималната дневна ќе достигне до 32 степени.

Од четврток повторно се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и попријатни временски услови.

The post Летни температури до 33 степени, врнежи се очекуваат од средината на неделата appeared first on Прва Скопска ТВ.