Пејачката Лепа Лукиќ во саботата навечер доживеа незгода при пад во продавница, по што интервенираше Итната медицинска помош.Според информациите од српските медиуми, легендата на народната музика се здобила со повреди при падот, поради што била пренесена во Ургентниот центар на дополнителни прегледи.Лекарите по извршените прегледи утврдија дека Лукиќ има повреди на коленото и на зглобот на ногата.По дадената медицинска помош и направените испитувања, пејачката била пуштена на домашно лекување, бидејќи немало потреба од нејзино задржување во болница.Лекарите ѝ препорачале строго мирување за побрзо закрепнување, а добила и терапија против болки што ќе ја користи за време на опоравувањето.Според информациите, најважно е што повредите не се од посериозна природа и се очекува Лепа Лукиќ да закрепне без дополнителни компликации.