
Легендата на алпското скијање, Американката Линдзи Вон, и натаму се соочува со здравствени проблеми и води тешка битка по падот на олимпискиот спуст во Кортина д’Ампецо. Во интервју за магазинот „People“, таа призна дека сè уште има потешкотии при одењето и дека закрепнувањето е многу потешко отколку што очекувала.
– Мојот скочен зглоб сè уште е скршен и тоа ме загрижува – изјави 41-годишната Вон.
Нејзините бројни фанови очекуваа побрзо враќање, но и повеќе од пет месеци по несреќата, Вон вели дека закрепнувањето сè уште не е завршено. Дополнителен проблем претставуваат и бројните повреди што ги имала во текот на кариерата, кои го забавуваат процесот на рехабилитација.
Во еден период таа беше во инвалидска количка, а потоа се движеше со помош на штаки.
Американката откри дека моментот кога повторно почнала да оди без помагала бил исклучително емотивен за неа. Во меѓувреме, започнала и со тренинзи во теретана како дел од процесот на рехабилитација.
Вон беше меѓу познатите личности кои присуствуваа како специјални гости на финалето на Светското првенство, што во неделата се одржа во Њујорк.
The post ЛЕГЕНДАТА СÈ УШТЕ СТРАДА Вон откри колку е тешко враќањето по повредата appeared first on plusinfo.mk.