Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение упати критики до гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и Владата поради ограничувањето од 10.000 денари неделно за клиентите на АЛТА банка. Од партијата оценуваат дека оправдувањето оти оваа сума е доволна, бидејќи е усогласена со просечните плати и пензии, ги занемарува реалните трошоци и секојдневните потреби на граѓаните.Од ЛДП посочуваат дека граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените средства, додека треба да г