
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го критикуваше неодамнешното отворено писмо на украинскиот претседател Володимир Зеленски до неговиот руски колега Владимир Путин, наведувајќи дека Москва исклучува какви било директни преговори со Киев и дека војниците, а не разговорите, ќе ја одлучат судбината на војната во Украина, пренесе „Јуроњуз“ на својата интернет-страница на француски јазик.
Лавров го осуди отвореното писмо сметајќи го за грубо и наведувајќи дека „оружјето ќе зборува“.
Рускиот министер нагласи дека Москва не го одобрува тоа што писмото „циркулирало низ целиот свет“, тврдејќи дека „луѓето со добри манири не се однесуваат така“.
Лавров рече дека за Кремљ „тоа покажува дека Украина нема интерес за преговори“, и покрај бројните обиди на Киев да се вклучи во разговори со Москва.
Минатата недела украинскиот претседател објави отворено писмо до Путин, предлагајќи директни разговори меѓу двајцата лидери.
Путин го одби предлогот на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, наведувајќи дека „не гледа смисла во средба со Зеленски“.