
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија ќе ја постигне целта за враќање на правата на Русите и на рускојазичното население во Украина, оценувајќи дека решавањето на ова прашање е еден од условите за долгорочно решение на украинскиот конфликт.
Во видео порака по повод Денот на рускиот јазик, Лавров рече дека Русија ќе продолжи да се бори против сите форми на јазична дискриминација и русофобија, каде и да се појават, објави Спутник.
Тој нагласи дека заштитата и поддршката на луѓето чиј мајчин јазик е рускиот е еден од приоритетите на руската надворешна политика.