
Околу триесетина проценти од заловените кучиња скитници од Јавното претпријатие за благосостојба на кучињата „Лајка“, бииле вдомени кај нови сопственици. Директорот на претпријатието Воислав Димитровски за „Локално“ изјави дека изминатите години од 35 до 38 проценти од заловената популација накучиња е вдомена, што е и целта на претпријатието на овие животни да им се најде дом. Тој објасни дека ако до лани биле заловувани до илјада кучиња годишно, сега целта е таа бројка да бидат две илјади и дека со зголемување на бројот на заловени кучиња ќе се намали и апсорбната моќ на граѓаните да ги водомуваат.
„Не може да очекуваме дека ако третираме две илјади ќе падне тој процент, бидејќи и можноста на нашите граѓани да вдомат кучиња че се намали. Затоа е битно да се зголеми јавната свест да ги селектрира овие кучиња за свој миленик е на ниско ниво и затоа го работиме ова. Дел од кучињата кои ги третираме во Лајка како и во другите јавни претпријатија кои ги третираат на ниво на Македонија одат во странство, а дел се вдомуваат тука“, изјави Димитровски.
Тој објасни дека на јавната расправа во Град Скопје ќе слушнат искуства од Сараево, Загреб и Шпанија како тоа го решиле кај нив и што може да им препорачаат да се подобри кај нас системот за третман на животните. Димитровски објасни дека во моментов Лајка има капацитет за згрижување на 140 кучиња иако во моментов има 180, но дека имаат надворешни боксови каде ги чуваат.
„Правилнот начин на третман на кучињата е околу дваесетина дена да се задржи, ние не сме азил на кучиња. што значи залови, стерелизирај и врати назад ни е политиката на функционирање и тоа е законската обврска. Тоа е генерална политика на сите држави кои имаат ваков проблме“, изјави Димитровски. Тој додаде дека во претпријатието имаат расни кучиња кои се таму и две до три години, но дека не се вдомени затоа што граѓаните ги сметаат за опасни.
„Се обидуваме на хуман начин да им најдеме дом и да работиме на социјализација а тие припаѓаат на оние раси кои може граѓаните не така лесно ги прифаќаат, како што се пит бул, шарпланинци тука се азијати и имаме проблем да ги водомиме. Меѓу нив има и чистокрвни раси и тоа се прекрасни животни и ги повикуваме граѓаните да ги вдомат“, изјави Димитровски.
Тој рече дека по пријава на граѓани кога се каснати од кучиња веднаш интервеницрат и дека по поплаките од граѓаните дека има глутници тие се лоцирани и тие групи се намалени.
„Оштетените граѓани се стабилизирани, но мора малку да се работи на докажувањето на овие постапки затоа што секој еден граѓанин што тужи добива на суд. Нема потврда дали кучето е сопственичко или не. Ние како Град може сме оштетени од начинот на кој овие предмети се во судкиот систем за споредба со други држави е важно да се види дали кучето има сопственик или не. Статистички во сите земји е дека домашните кучиња има поголеми шанса да каснат некого од уличните кучиња, бидејќи домашните кучиња бранат територија, бранат храна, бранат двор. Уличните кучиња реално доаѓаат да добијат храна, грижа и не е природно да нападнат. Е сега има улични кучиња кои определени граѓани си ги хранат на определена територија а тоа веќе е територијално тоа е еден вид маалско куче кое ги има карактеристките на домашно куче“, изјави Димитровски.
Татјана Зајец од загребското друштво за згрижување бездомни животни Думац, објасни дека во Загреб веќе немаат проблем со кучиња скитници, бидејќи имаат систем кој добро функционира.
„Сите ветеринари се задолжени да им вградат чип на домашните кучиња и на тој начин го решивме прашањето со кучиња скитници и менаџирањето на популацијата на кучиња функционира добро и се трудиме и за сигурноста и на граѓаните и на кучињата, односно да бидеме сервис на граѓаните. Сопствениците не ги оставаат кучињата на улица, бидејќи кучињата имаат микрочип и а има добар систем кога ќе дознаеме кој оставил на улица куче тој плаќа високи казни и сите знаат дека тоа е препопасно тоа да го направат“, изјави Зајец.
Професорот Влатко Илиески од Факултетот за ветеринарна недицина од Скопје од 2018 година е донесен закон дека сите сосптвеници треба да ги чипираат кучињата, но дека тоа не е случај кај нас. Според него изворот на проблемот со кучињата скитници е тоа што околу половина од кучињата кои имаат сопственици не се чипирани и граѓаните лесно може да ги напуштат и остават на улица.
„Со новиот закон за благосостојба на животни има иницијатива да се стават поголеми казни за неодговорно сопствеништво. Кучињата не се чипирани и не може да се имплментира. Треба да дознаме колку има и колку се чипирани и колку ги има во градовите. Некаде 80 отсто од сопственичките кучиња се се стерелизирани, тоа значи дека голем е бројот на кучиња. Со новиот закон се одредуваат и одредби преку регистрација и преку одгледувачите и дека секој сопственик кој ќе каже дека не сака неговото куче да биде стерелизирано да мора да биде под надзор на ветеринар“, изјави Илиески.
Според него градските власти прво треба да знаат колкава популација на учиња има во Градот за да мое да ги одредат и политиките за хуман третман.
„Механизими на контрола да може да има ветеренираната служба или комуналните инспектори ако има пријава да може да направат контрола дали е микрочипирано кучето“, изјави Илиевски.
Тој објасни дека голем дел од граѓаните кои се сопственици на кучиња не ги микрочипираат и тие се сметаат за потенцијално бездомни животни, бидејќи во секој момент може да им ја отворат вратата и да ги пуштат надвор и на тој начин стануваат бездомни.
„Затоа апелираме и Градот и државата да напрват напор сите кучиња кои се сопственички да бидат микрочипирани“, изјави Илиевски.
Е.Б