Куба ќе се брани доколку САД започнат воена акција против земјата, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Куба за Ал Џезира.

Тој оцени дека нападот на САД би бил „крајно неодговорен чин“ и рече дека сценариото за преземање контрола врз Куба можеби постои во мислите на Вашингтон, но дека таков потег не би бил ниту лесен ниту прифатлив.

„Проблемот на Вашингтон е што сака да ја контролира и да ја одреди судбината на нашата нација, а тоа е отфрлено“, рече кубанскиот функционер.

Тој додаде дека Куба, доколку биде принудена, ќе се брани, и покрај добрите односи со неколку земји.

„Ако мораме, ќе се браниме“, рече кубанскиот заменик-министер за надворешни работи.

Текстот Куба: Ако Америка нè нападне, нема да им биде лесно е превземен од А1он.