Ново истражување покажува дека постарите лица кои немаат когнитивни нарушувања, но имаат покачено ниво на биомаркерот p-tau217 во крвта, имаат приближно 38 отсто поголем ризик во следните пет години да развијат рани симптоми на деменција.

Во текот на десет години, овој ризик бил дури 78 отсто поголем, иако истражувачите посочуваат дека овие податоци се нешто помалку сигурни, пишува Си-Ен-Ен.

– Ова ни покажува дека во иднина ќе можеме да користиме тестови на крвта кои го мерат p-tau217 за да го процениме индивидуалниот ризик од развој на когнитивни нарушувања – изјавила Рејчел Бакли, вонредна професорка по неврологија на Медицинскиот факултет при Универзитетот Харвард и главна авторка на студијата.

Помалку инвазивен начин за откривање на ризикот

Досега дијагностицирањето на Алцхајмеровата болест најчесто бараше скапи и инвазивни процедури, како што се ПЕТ-скенирање на мозокот или лумбална пункција.

Сепак, тестовите на крвта што го мерат нивото на фосфорилираниот тау-протеин 217 (p-tau217) можат многу сигурно да укажат на натрупување на бета-амилоидни плаки во мозокот.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

The post КРВНА АНАЛИЗА ЗА ОТКРИВАЊЕ НА АЛЦХАЈМЕР? Нов тест од крвта би можел да го открие ризикот од болеста многу пред појавата на првите симптоми appeared first on plusinfo.mk.