Весна Костовска: Можеби е идеалистички, но случајот во Гостивар е момент кога опозицијата треба конечно да излезе од бледата слика дека всушност е само збир од оградени партии.

Партиите, ако се стават настрана пренагласените меѓусебни обвинувања, сепак излегоа со одделни реакции, меѓу кои имаше сериозни, стручни и аргументирани ставови.

Зошто тогаш да не настапат заедно, остварувајќи го минимумот за кој не би смеело да има партиски разлики: безбедна вода, независна стручна истрага, целосна транспарентност и одговорност со име и презиме?

Кризата во Гостивар не е ниту лева, ниту десна, ниту македонска, ниту албанска.

Водата е прашање на живот.

Извор: Фејсбук