Кризата со откупот на млеко се продлабочува, а сточарите се соочуваат со сериозни проблеми и неизвесност, обвини денеска СДСМ преку член на Комисијата за земјоделство, Александар Димитриевски.Според него, сточарството се наоѓа во тешка состојба, а откупната цена на млекото е сведена на, како што рече, понижувачки дваесетина денари за литар.„Во исто време, цените на млекото и млечните производи во маркетите растат. Некој прави огромни профити врз грбот на земјоделците“, рече Димитриевски.Од СДСМ посочуваат дека кризата дополнително се усложнува откако две млекарници во делчевскиот регион најавиле прекин на откупот на млеко, што, според партијата, ќе остави голем број сточари без пласман на производството.Партијата обвини и дека доцнат исплатите на субвенциите за добиток и премиите за млеко.„Ги прашуваме Владата и премиерот Христијан Мицкоски каде се парите за земјоделците и дали во Буџетот веќе ги нема“, изјави Димитриевски.СДСМ бара итна интервенција за обезбедување непречен откуп на млекото, како и воведување посебна мерка за поддршка на производителите на кравјо млеко преку интервентната програма.Од опозициската партија тврдат дека земјоделството се соочува со сериозни проблеми во повеќе гранки и дека сточарите, градинарите, оризопроизводителите, овоштарите и пчеларите имаат слични проблеми со ниски откупни цени, неисплатени субвенции и несигурен пласман.„Го прашуваме Мицкоски зошто нема мерки за млекото, оризот, доматот и пиперката и зошто доцнат субвенциите“, порача Димитриевски.Кризата со откупот на млеко се продлабочува, сточарите остануваат без егзистенција, вели СДСМ
Кризата со откупот на млеко се продлабочува, а сточарите се соочуваат со сериозни проблеми и неизвесност, обвини денеска СДСМ преку член на Комисијата за земјоделство, Александар Димитриевски.Според него, сточарството се наоѓа во тешка состојба, а откупната цена на млекото е сведена на, како што рече, понижувачки дваесетина денари за литар.„Во исто време, цените на млекото и млечните производи во маркетите растат. Некој прави огромни профити врз грбот на земјоделците“, рече Димитриевски.Од СДСМ...
Кризата со откупот на млеко се продлабочува, а сточарите се соочуваат со сериозни проблеми и неизвесност, обвини денеска СДСМ преку член на Комисијата за земјоделство, Александар Димитриевски.Според него, сточарството се наоѓа во тешка состојба, а откупната цена на млекото е сведена на, како што рече, понижувачки дваесетина денари за литар.„Во исто време, цените на млекото и млечните производи во маркетите растат. Некој прави огромни профити врз грбот на земјоделците“, рече Димитриевски.Од СДСМ посочуваат дека кризата дополнително се усложнува откако две млекарници во делчевскиот регион најавиле прекин на откупот на млеко, што, според партијата, ќе остави голем број сточари без пласман на производството.Партијата обвини и дека доцнат исплатите на субвенциите за добиток и премиите за млеко.„Ги прашуваме Владата и премиерот Христијан Мицкоски каде се парите за земјоделците и дали во Буџетот веќе ги нема“, изјави Димитриевски.СДСМ бара итна интервенција за обезбедување непречен откуп на млекото, како и воведување посебна мерка за поддршка на производителите на кравјо млеко преку интервентната програма.Од опозициската партија тврдат дека земјоделството се соочува со сериозни проблеми во повеќе гранки и дека сточарите, градинарите, оризопроизводителите, овоштарите и пчеларите имаат слични проблеми со ниски откупни цени, неисплатени субвенции и несигурен пласман.„Го прашуваме Мицкоски зошто нема мерки за млекото, оризот, доматот и пиперката и зошто доцнат субвенциите“, порача Димитриевски.