Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против А.Љ. (29) од Дебар, поради сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Според информациите, на 29.05.2026 година, пријавениот управувал патничко возило со голема брзина, при што предизвикал сообраќајна незгода. По пристигнување на полициски службеници на местото на настанот, истиот физички ги нападнал.
The post Кривична пријава против возач од Дебар, по сообраќајка нападнал полицајци appeared first on Прва Скопска ТВ.