Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против У.А. (26), Е.Џ. (25) и М.Г. (21), сите од село Црник, општина Пехчево, поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Според информациите, на 06.05.2026 година на местото викано „Турски гробишта“, пријавените со земјоделска машина – трактор се обиделе да прегазат двајца вработени во Шумското подрачно стопанство „Равна река“, кои ги затекнале при бесправна сеча на дрва.
The post Кривична пријава против тројца од Црник за обид за прегазување шумари со трактор appeared first on Прва Скопска ТВ.