На банкарските сметки на македонските граѓани има 7,51 милијарда евра, а депозитите продолжуваат да растат и покрај инфлацијата и високите животни трошоци. Сепак, вкупната сума не открива колку од овие средства се распределени меѓу населението, а колкав дел е концентриран кај граѓаните со најголеми приходи.Податоците на Народната банка, објавени по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, покажуваат дека вкупните депозити во банкарскиот систем во септември достигнале речиси 11,2 милијарди