Во организација на Кошаркарскиот клуб „Ветерани Баскет“ од Струмица, со поддршка на Општина Струмица, вчера во Спортската сала „Парк“ се одржа кошаркарски турнир на ветерани, посветен на зачувувањето на богатата кошаркарска традиција на градот и оддавањето почит на спортските великани кои оставиле значаен белег во развојот на струмичката кошарка.

Настанот беше можност ветераните повторно да се соберат на кошаркарскиот терен, да ги обноват спортските пријателства и да потсетат на генерациите кои низ годините придонесувале за развојот и успесите на овој спорт во Струмица.

Во знак на почит и сеќавање на починатите кошаркари, присутните им оддадоа почит со едноминутно молчење.

Турнирот го отвори Јован Симески, член на Советот на општина Струмица, а меѓу присутните беше и поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Владо Илиевски, кој одблиску ја следеше играта на ветераните.

Со овој спортски настан уште еднаш беше истакнато значењето на кошарката како важен дел од спортската историја и традиција на Струмица, како и почитта кон генерациите кошаркари кои ја граделе таа традиција.

The post Кошаркарските ветерани повторно на паркетот во „Парк“ – турнир во чест на легендите на струмичката кошарка appeared first on Radio StrumicaNet.