
Европската комесарка за проширување Марта Кос изрази денеска загриженост поради кампањите за оцрнување и личните напади врз претставниците на цивилното општество во Србија.
„Во изминатите неколку дена, многу претставници на српското цивилно општество беа изложени на кампањи за оцрнување и лични напади“, наведе Кос на социјалната мрежа „X“.
Она истакна дека силното цивилно општество и ангажираните граѓани претставуваат вредност за секоја демократија и дека се неопходни за успешен процес на проширување на Европската Унија.
„Заслужуваат почит и слобода да зборуваат без застрашување или обиди за делегитимирање на нивната работа“, порача Кос.