Контролор на ЈСП бил физички нападнат додека извршувал работни задачи во автобус на подрачјето на Бит Пазар, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, на 10 јуни 2026 година во 10:30 часот во СВР Скопје, Н.Н. (49) од Скопје пријавил дека бил нападнат од 50-годишната Д.Ц., откако претходно утврдил дека таа немала платено билет за јавен превоз.

Од МВР посочуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Контролор на ЈСП нападнат во автобус на Бит Пазар appeared first on Прва Скопска ТВ.